Нови детали за повредата на Меси – го пропушта и дуелот со Манчестер Сити?

Лео Меси поради повреда на десното колено го пропушти натпреварот против Метц, а најверојатно нема да му биде на располагање на тренерот Покетино ниту за натпреварот против Монтпелиер кој е закажан за сабота.

Според ‘La Parisien’, Меси сеуште нема започнато со трчање на трнинзите на клубот, а и покрај тоа што ПСЖ официјално ја нема потврдено веста за неговото отсуство, се очекува истата да ја направи во текот на денот со што на Аргентинецот ќе му се даде дополнителен простор за рехабилитација.

Притоа асот е неизвесен и за натпреварот против Манчестер Сити во Лигата на Шампионите, меѓутоа мечот кој беше најавуван како спектакл може да ја промени оваа позиција. Како потсетување, овој натпревар е на програмата во вторник.

Се вчитува...