Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) додаде шест нови дисциплини во програмата на Зимските олимписки игри во 2022 година што ќе се одржат во Пекинг.
Од ИОК официјално потврдија дека на ЗОИ 2022 во Пекинг се воведуваат поединечни натпревари во боб-слејд за жени, натпревари во слободен стил во дисциплината „биг-ер“ во машка и во женска конкуренција, мешано екипно натпреварување во ски-акробатика слободен стил, мешано екипно натпреварување во сноуборд крос, мешно тимско натпреварување во скијачки скокови и мешана штафета во шорт-трек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА