Нови договори за тројца кошаркари на Куманово

Куманово ги финишира преговорите за ангажман на Владимир Мирковски за нов тренер, а во меѓувреме управата на „сино-белите“ успешно ги заврши разговорите за останување на тројца кошаркари од ланскиот играчки кадар.

Горјан Марковски, кој беше меѓу најдобрите поединци во таборот на Куманово минатата сезона, ги договори условите за нов едногодишен договор. Заедно со него нови договори потпишаа и Мишо Тодоровиќ и Оливер Двојаковски, играчи кои очекуваат уште поголема минутажа кај новиот тренер.

Кумановци преговараат да го задржат и најискусниот во својот табор, Марјан Јанески, а по потписот на договорот со тренерот Мирковски се очекува фокусот да се префрли и врз неколку кошаркари од САД, од кои еден до двајца би пристигнале во таборот на Куманово.

Се вчитува...