Нови договори за тројца „пелистерци“

Раководството на Пелистер продолжува со екипирање на ростерот за наредната сезона, во која битолскиот суперлигаш повторно на клупата ќе го има Томче Петрески.

Приоритет во моментов е задржување на дел од клучните играчи од ланската сезона, па така денеска и официјално беше потпишано продолжување на соработката со тројца ракометари. Каппитенот Васко Димитровски одби неколку понуди за да остане во таборот на „пелистерци“, а заедно со него нови договори потпишаа и Кире Митревски и Реваз Чантурија.

Претходно, Пелистер потпиша нов договор и со крилото Никола Ивановски, како и со пивотот Костадин Петров, кој е дел од репрезентацијата на Македонија на Медитеранските Игри во Тарагона.

„Зелено-белите“ летово останаа без својот најдобар стрелец, Грузиецот Орјоникидзе, кој се пресели во унгарскиот прволигаш ФТЦ Ференцварош.

Се вчитува...