Нови главоболки за Анчелоти: По Касемиро, уште еден фудбалер на Реал неизвесен за дуелот со Сити

Реал Мадрид ќе гостува кај Манчестер сити во вторник во рамките на првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите.

„Кралевите“, сепак, се соочуваат со проблеми, бидејќи шпанските медиуми пренесоа нова лоша вест. Имено, по најавите дека Касемиро ќе го скокне првиот дуел со Сити, сега слични проблеми се најавуваат и за Давид Алаба.

Австриецот се повреди на средбата против Осасуна, а и понатаму не е доволно заздравен. Медицинскиот тим забрзано работи да ја санира повредата, меѓутоа сè поизвесно е дека Алаба нема да игра во Манчестер.

Покрај овие двајца, под знак прашалник е Ферланд Менди, повредени се Јовиќ и Диаз, а се враќа Герет Бејл.

Се вчитува...