Нови главоболки за Лапорта: Барселона е пред финансиски крах, не може да регистрира играчи

Барселона веќе подолго време се мачи со финансиите, а уште минатата година му се предвидуваше банкрот на каталонскиот и шпански гигант.

Ситуацијата и натаму е тешка, без разлика што тимот се ослободи од најскапо платените ѕвезди, а дел од играчите прифатија и намалување на платите. Барселона потпиша богат договор од 350 милиони евра со „Спотифај“ за спонзорство, но ниту тоа не е доволно да се решат сите проблеми.

Последните информации во шпанските спортски медиуми велат дека Барселона не може да регистрира ниту еден нов договор во Ла Лига. Овој проблем се појавил откако клубот се договорил со Серхи Роберто за продолжување на соработката, но нема официјална објава на клупската интернет страница, токму поради фактот што не може да го регистрира во лигата.

Истото важи и за новите фудбалери кои треба да пристигнат како слободни агенти, а тоа се Андреас Кристинсен од Челси и Франк Кеси од Милан. Целата јавност знае дека се договорите со Барселона, но клубот не објавува ништо, бидејќи не е во можност да ги регистрира.

Летово сигурно ќе си одат неколку играчи кои имаат поголема пазарна вредност како Френки де Јонг и Мемфис Депај, а се очекува да бидат ослободени и Клеман Ленгле и Самуел Умтити.

Се вчитува...