Нови напади од навивачите на Барселона кон Лапорта, веруваат дека со него раководи Флорентино Перез

Барселона ја започна новата ера, без Лионел Меси, синоќа со победа над Реал Сосиедад (4-2) на отворањето на Ла Лига.

Навивачите на Барселона со нетрпение го очекуваа натпреварот со Реал Сосиедад. Меси веќе не е член на Барселона, па на тој начин и започна нова ера со три бода, што е најважно за Барса во моментов.

За време на првиот натпревар од Ла Лига, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, мораше да чита и да слуша разни навреди од навивачите на трибините. Лапорта повторно дојде на чело на Барселона во март, но не го исполни главното ветување, а тоа е престојот на Меси.

Навивачите на Барселона се бесни поради отказот на Меси и за тоа го обвинуваат Лапорта. Тие го демонстрираа своето незадоволство од неодамнешните настани во клубот, па со низа на транспаренти го искажаа незадоволството кон претседателот на Барса.

„Меси во Париз, ти на Ибица!“ Можеше да се прочита на еден од транспарентите. Навивачите се разочарани затоа што Лапорта едноставно отиде да се одмори на Ибица во моментот на најголемата криза и неволја во Барса. На транспарентот пишуваше „Лапорта, ти си батлер на Фиренца“ или „Барса не е твоја работа“, додека еден навивач рече дека „го измамил Господ“, веројатно мислејќи на Меси.

 

 

 

Се вчитува...