Нови победи на Металург и на Пролет во контролните натпревари

Металург и Пролет забележаа нови победи во подготвителниот период, триумфирајќи на денешните дуели на кои скопските суперлигаши за ривали ги имаа КЛ7 и Прилеп.

„Металурзите“ дуелот со КЛ7 го искористија како „генералка“ за претстојното гостување во Хрватска против Спачва, во реваншот од првото коло од Лигата на Европа. Триумфот беше осигуран уште во првото полувреме што избраниците на Кастратовиќ го добија со 17-9, за на крајот да слават со 33-25.

Многу понеизвесно беше на дуелот Пролет – Прилеп, на кој домашниот тим славеше со 28-25. Резултатот на полувреме беше израмнет, 12-12, за фаворитот да го скрши отпорот на гостите во вторите 30 минути и на крајот заслужено да се радува на победата.

Се вчитува...