Нови позитивни: Црногорците не знаат кои играчи ќе можат да настапат против Данска

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Репрезентацијата на Црна Гора се соочи со нови проблеми откако и првите тестирања во Дебрецин покажаа позитивни случаи на коронавирус во редовите на противникот од групата А на Македонија.

Црногорците мака мачат од самиот почеток на подготовките, па во Унгарија допатуваа без селекторот Рогановиќ, како и без стандардните репрезентативци Симовиќ, Чавор, Божовиќ и Мијушковиќ. Денеска биле добиени резултатите од тестирањето веднаш по пристигањето во Дебрецин, при што се евидентирани нови три случаи во црногорскиот табор.

Денеска било извршено ново тестирање, а во црногорскиот табор постои стравување од дополнително ширење на вирусот, што би ја оставило оваа селекција со „осакатен“ ростер пред утрешниот дуел со Данска.

Црна Гора ќе се сретне со Македонија во второто коло од ЕП 2022, меч закажан за 15 јануари со почеток во 18 часот.

Се вчитува...