Нови правила: Крај на ватерполото какво што го знаеме…

Љубителите на ватерполото ќе мора да се навикнат на новите правила за овој спорт, кои беа изгласани денеска на Вонредниот Конгрес на ФИНА во кинескиот град Хангжу, со 161 глас „За“, само шест “против“ и двајца воздржани.

Повеќе од една година се водеа позитивни дискусии на оваа тема, по што денеска и официјално беа изгласани промените во правилата.

ВАР-технологијата ќе се воведува и во ватерполото, и тоа судиите ќе можат да ја користат за да увидат дали топката ја минала гол-линијата и дали стартот бил доволно груб за да биде досудено исклучување.

Потоа, по исклучување на играч на екипата што се брани, времето за нов напад е намалено од 30 на 20 секунди. Секој старт од зад грб над напаѓачот кој ја има топката во свој посед ќе биде санкциониран со пенал. Изведувачот на корнер може да постигне гол со директен шут од аголот или со пливање од аголот и шут, откако досега мораше да му додаде на соиграч.

Воедно, со новите правила се дозволени „летечки замени на играчи до средината на базенот, додека досега тоа беше дозволено само од аглите на базенот.

Се вчитува...