Нови проблеми пред Македонија: Отпаднаа и Де Роси и Пелегрини

Италијанскиот селектор Џанпјеро Вентура се соочува со нови проблеми околу составот на „аѕурите“ за претстојните квалификациски дуели против Македонија и Албанија. Откако во текот на вчерашниот ден беше обелоденето дека Белоти и Верати нема да бидат во комбинација, денеска Вентура остана без уште двајца фудбалери, двајцата од средниот ред.

Станува збор за двоецот на Рома, Де Роси – Пелегрини, откако двајцата фудбалери за врска се пожалиле на повреди по големото дерби со Милан. На местото на Де Роси повикан е Роберто Галјардини од Интер, додека наместо Пелегрини дел од националниот тим станува членот на Аталанта, Брајан Кристанте, кој се запиша меѓу стрелците на дуелот со Јувентус.

Натпреварот меѓу Италија и Македонија се игра на 6 октомври на „Олимпико“ во Торино (20.45 часот).

Се вчитува...