Нови проблеми во ракометната Лига на шампиони – 14 позитивни случаи во Мотор Запорожје

Коронавирусот продолжува да прави проблеми во ракометната Лига на шампиони. Украинскиот Мотор Запорожје има 14 позитивни случаи, објави европската ракометна федерација. Поради високиот број на заразени одложен е мечот од Лигата на шампионите кој украинскиот тим требаше да го игра против германскиот Кил.

Целата екипа е во самоизолација и таму ќе остане се додека нема негативни резултати. Мотор Запорожје во СЕХА лигата која треба да стартува на 23. октомври е во група со европскиот шампион Вардар.

 

Се вчитува...