Нови проблеми за Ангеловски: По Велковски повреда и за Зајков

Со сериозни проблеми се соочува селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски пред двата октомвриски натпревари од квалификации за ЕП 2020 против Словенија во Скопје и против Полска во Варшава.

Сериозно десткуваната ќе биде стандардната одбрана ако се знае дека Дарко Велковски, по повредата добиена на дуелот за Ријека против Хајдук во хрватскиот шампионат, ќе мора да паузира два месеци. Дополнителен проблем сега претставува и повредата на Ѓоко Зајков кој, како што информираат од неговиот клуб, не е во комбинација за денешниот натпревар на Шарлероа во белгиското првенство.

Како што е познато, за натпреварот против Словенија на 10. октомври во Скопје, во комбинација поради три жолти картони нема да биде и Егзон Бејтулаи од Шкендија. Па, од оние стандардните остануваат уште стоперите Муслиу и Кире Ристевски и левокрилниот дефанзивец Езгијан Алиоски.

Се вчитува...