Нови проблеми за Ангеловски: Повреда и на Тричковски

Нови проблеми за македонскиот селектор Игор Ангеловски пред последните два квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2020. Покрај отсуството на дури пет репрезентативци поради повреди, сега на листата повредени е и офанзивецот Иван Тричковски.

Тричковски заработи повреда на тетивата на вчерашниот натпревар на АЕК Ларнака против Докса во кипарскиот шампионат. Македонскиот репрезентативец постигна гол за 1-0 во 14. минута, а потоа ја напушти играта во 69. минута.

Се уште нема детални информации за тежината на повредата, но по деталните денешни прегледи се очекува да биде познато дали ќе биде на располагање на селекторот Ангеловски за дуелите со Австрија на 16. ноември во Виена и со Израел на 19. ноември во Скопје.

Се вчитува...