Нови проблеми за Артета: Арсенал без Мерино во следниот период

Фудбалерот на Арсенал, Микел Мерино, ќе биде подложен на операција поради повреда на коската во стапалото на десната нога, објави лондонскиот клуб. Шпанскиот репрезентативец оваа сезона одигра 33 натпревари за Арсенал во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола.

Мерино е важен дел од ротацијата на тренерот на „топчиите“, Микел Артета, кој го користеше и во средниот ред и како напаѓач. Арсенал во своето соопштение објави дека 29-годишникот ќе биде надвор од терените подолго време, иако не ја откри точната дијагноза за која станува збор.

Кога станува збор за опциите за средниот ред, Арсенал ги има на располагање Деклан Рајс, Кристијан Норгард, Мартин Зубименди, Еберечи Езе и Каи Хаверц.

Се вчитува...