Нови проблеми за Барселона: Уште еден играч го пропушта Ел Класико

Офанзивниот играч на Барселона, Рафиња најверојатно ќе го пропушти неделното дерби против Реал Мадрид, откако денеска предвреме го завршил тренингот. Ова се нови непријатни вести за тренерот Ханс Флик пред важниот меч кој е на програмата во сабота.

Барселона претходно остана без услугите на голманот Жоан Гарсија, потоа нема да играат ниту Гави и Олмо, Тер Штеген одамна е повреден, а остан и без услугите на Роберт Левандовски.

И Реал Мадрид има проблеми пред дуелот, особено во дефанзивата. Чаби Алонсо сигурно нема да смета на Давид Алаба и Антонио Рудигер, а под знак прашалник се Александар-Арнолд и Дани Себаљос.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се игра во недела во 16:15 часот.

Се вчитува...