Нови проблеми за Јуве: Две повреди за едно полувреме во Фиренца

Маурицио Сари конечна седна на клупата на Јувентус откако поради пневмонија ги пропушти првите две овосезонски средби, но стратегот на „старата дама“ има причина за загриженост откако проблемите со повредите уште повеќе се влошија по само едно полувреме од мечот со Фиорентина.

Даглас Коста, кој беше стандарден кај Сари од стартот на сезонава, по само неколку минути игра се пожали на болка во мускулот, па мораше да биде заменет со Бернардески. За ситуацијата да стане уште посериозна, пред крајот на полувремето слична повреда заработи Пјаниќ, кој исто така го напушти теренот и веднаш се упати кон соблекувалните.

Ова е сериозен проблем за Сари во пресрет на првата средба од ЛШ, на гостински терен против Атлетико Мадрид. Во таборот на Јуве ќе се надеваат дека повредените ќе успеат да се вратат до големото дерби со Интер, закажано за 6 октомври.

Се вчитува...