Нови проблеми за Лапорта и Чави, ПСЖ влегува во трката за Дембеле

Францускиот интернационалец Осман Дембеле се уште нема договор со раководството на Барселона за продолжување на соработката, иако Чави Хернандез се обидува да го задржи на „Камп Ноу“ и после јули. Тој на лето ќе има можност да замине како слободен играч.

Не е исклучено Осман Дембеле сепак да остане во Барселона и после крајот на сезоната. Меѓутоа, клубот нема намера да го моли и очекува тој да го направи првиот чекор и да покрене иницијатива за продолжување на договорот. Французинот одигра одлично синоќа во Ел Класико, а каталонските медиуми тврдат дека после мечот им рекол на своите соиграчи „останувам“.

Инаку, веќе неколку големи европски клубови се заинтересирани за Дембеле, но најконкретен е Пари Сен Жермен, кој започнал преговори со агентот на Французинот.

ПСЖ во Дембеле гледа идеална замена за Килијан Мбапе кој речиси сигурно заминува на лето. Последните информации се дека веќе постигнале договор со францускиот ас. „Светците“ немаат проблем да ги задоволат неговите финансиски барања.

Се вчитува...