Нови проблеми за ЛОИ – Сапоро не е подготвен за маратонската трка

Организаторите на Летните олимписки игри во Токио се соочуваат со нови проблеми. Маратонската трка на игрите требаше да се одржи во Сапоро, но сепак постои шанса тоа да не се случи.

Уште пред две години донесена е одлука Сапоро да биде домаќин на маратонците бидејќи има поумерени лета за разлика од Токио, но проблемот е вонредната состојба по избивањето на новиот бран на коронавирусот.

Градските власти соопштија дека Сапоро не е подготвен да ги пречека олимпијците.

Се вчитува...