Нови проблеми за Милан – Си заминува највредниот фудбалер во тимот

Италијанскиот великан, Милан на самиот крај од сезоната се наоѓа во големи проблеми. Три натпревари пред крајот на првенството „Росонерите“ се наоѓаат на петта позиција во Серија А, со заостанување од три бода во однос на Аталанта која се наоѓа на последната позиција која следната сезона води во Лигата на шампионите.

Доколку избраниците на Џенаро Гатузо не успеат да обезбедат настап во елитното натпреварување, би можеле да се соочат со големи проблеми, а најголем од сите ќе биде заминувањето на Џанлуиџи Донарума, пренесуваат италијанските медиуми.

По целата сага околу продолжувањето на договорот минатата сезона, Донарума стана еден од симболите на новиот Милан кој треба да се бори за трофеи на сите фронтови. Меѓутоа, повторно е актуализирана приказната околу неговото заминување од „Сан сиро“, бидејќи неговата продажба ќе донесе голем профит на клубот, доколку не избори пласман во Лигата на шампионите.

Голманот се проценува на околу 60 милиони евра, а најсериозен кандидат за неговиот потпис е францускиот Пари Сен Жермен.

Се вчитува...