Нови проблеми за Милевски пред утрешниот репрезентативен собир: Повреда на капитенот Барди!

Македонскиот селектор Боби Милевски се соочува со нови проблеми пред утрешниот собир на репрезентацијата за јунските пријателски натпревари против Хрватска во Ријека на 3. јуни и против Чешка на 10. јуни во Храдец Кралове.

По повредата на Дарко Велковски за кого се уште е неизвесно дали ќе биде подготвен за двата натпревари, сега повреда и на капитенот Енис Барди.

Барди се повреди уште во 17. минута на денешниот натпревар за Трабзонспор од последното коло во турскиот шампионат против Анкарагучу, по што беше веднаш принудно заменет.

Турските медуми известуваат дека повредата воопшто не е наивна, а денешните дополнителни лекарски прегледи треба да кажат за тежината на истата. Енис Барди се очекува, во секој случај, утре да допатува во Македонија по што дополнително ќе биде познато дали ќе може да се приклучи на подготовките за дуелите против Хрватска и против Чешка.

Се вчитува...