Нови проблеми за Палермо, клубот не е пријавен за учество во Серија Б

Проблемите за Палермо, клубот каде настапуваат македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски, продолжуваат. Откако се „извлече“ од бездната со судска одлука и избегна лошо сценарио за настап во Третата лига, сега постои нова опасност Палермо да не биде дел од Серија Б. Како што информираат италијанските медиуми, Палермо не пријавил учество за следната сезона во второлигашката конкуренција на Италија.

Во клубот моментно се случува трансформација на раководството, а новата структура побарала малку повеќе време за да може да ги изврши сите обврски и да ги обезбеди потребните документи. Сепак, тоа би можело да биде кобно за Палермо.

Илија Несторовски и Александар Трајковски се уште се членови на клубот, но и со понуди да си заминат. За Нестор-гол се интересираат Лече, Болоња, Фиорентина и српскиот првак Црвена Звезда, а и Трајковски е интересен за Лече и за полски и белгиски клубови.

Се вчитува...