Нови проблеми за Палермо, можно е да загуби бодови по налог на Јавното обвинителство

Италијанскиот второлигаш Палермо, чии членови се македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски, се обидува да се врати во Серија А, но во финишот на сезоната може да се соочи со неочекувани проблеми. Поради проблеми со клупското менаџирање, Државното јавно обинителство отвори истрага за финансиските трансакции на Палермо и пронајдени се одредени неправилности. Поведена е истрага против првиот човек Маурицио Зампарини, како и директорите Анастасио Мороси и Џовани Џамарва.

Според италијанските медиуми, од овој процес може да произлезе и на Палермо да му бидат одземени неколку бодови во актуелната сезона, а со тоа може да се загрози и евентуалниот пласман во Серија А.

Палермо во моментот се наоѓа на третата позиција на табелата во Серија Б со 58 бода, пет помалку и двата водечки тима, Бреша и Лече.

 

Се вчитува...