Марко Верати ја напушти италијанската репрезентација по триумфот над Северна Ирска од 2-0 поради повреда, поради која ќе го пропушти натпреварот против Бугарија.
Оваа повреда носи нови главоболки и за тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино кој нема да може да смета на услугите на одличниот Италијанец во дербито во францускиот шампионат против Лил, а прашање е дали ќе биде подготвен и за првиот меч од четвртфиналето против Баерн Минхен во Лигата на шампионите.
Првиот дуел се игра на 7. април во Минхен, па се уште не е јасно дали ќе успее Верати до тогаш да се опорави. За потсетување и Баерн Минхен се наоѓа во големи проблеми, откако поради повреда четвртфиналето и дефинитивно ќе го пропушти Роберт Левандовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА