Нови проблеми за ПСЖ, Нејмар ќе паузира еден месец

Францускиот првак Пари Сен Жермен повторно ќе биде без најдобриот фудбалер подолг период. Нејмар заработи повреда на бутниот мускул на левата нога на пријателскиот натпревар меѓу Бразил и Нигерија, а прегледите покажаа дека ќе мора да мирува триесетина дена. Тоа значи дека ќе ги пропушти следните два натпревари во Лигата на шампионите против белгискиот Клуб Бриж, како и неколку меча од францускиот шампионат, против Ница, Олимпик Марсеј, Дижон и против Брест.

Тренерот Томас Тухел се надева дека Нејмар ќе успее да се врати во натпреварувачки ритам за гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“ во ЛШ кое е закажано за 26.ноември.

Се вчитува...