На последниот ден од трансфер прозорецот кога сето внимание на фудбалскиот свет го привлекуваат последните договори што ги прават големите клубови, сензационална вест доаѓа од Шпанија. „Deportes Cuatro“  објавува дека повтрно е покренат случајот на Кетрин Мајорга против Кристијано Роналдо. 
Фокусот на Мајорга која го обивнува Роналдо за сексуален напад во 2009 година и на нејзините адвокати сега е насочен кон металната спосбност на моделката во моментот кога го потпишала договорот за тајност, а за кој Португалецот и платил 300 000 евра. Роналдо не негира дека париете се дадени.
Сега Мајорга прави тест за менталната способност кој треба да докаже дека таа не ги разбира условите на договорот како и последиците од него. Ако тестот е во нејзина корист и ако судот го прифати, Роналдо повторо ќе се соочува со ново јавно сослушување. Адвокатскиот тим на Роналдо тврди дека било направено се за да биде потврдена здравата ментална спосбност на Мајорга во моментот на потпишувањето на договорот.