Аргентинскиот фудбалер Лисандро Мартинез заработи тешка повреда на натпреварот против Кристал Палас. Тој се повреди во 82. минута поради што мораше да го напушти теренот.
Веднаш по крајот на мечот се констатира дека се работи за повреда на предните вкрстени лигаменти, што значи дека сезоната за него е завршена.
Лисандро оваа сезона одигра 20 натпревари за Јунајтед и постигна два гола. Во Јунајтед дојде од Ајакс во 2022 година за 57,4 милиони евра. Ова се нови проблеми за Рубен Аморим, кој сега ќе треба да најде ново решение за позицијата втор стопер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА