Нови проблеми за Вентура: Ел Шарави и Ругани неизвесни за Македонија

Италијанскиот селектор Џанпјеро Вентура се соочува со нови проблеми во пресрет на утрешниот дуел со Македонија, откако Даниеле Ругани и Стефан Ел Шарави се пожалиле на повреда.

„Аѕурите“ попладнево патуваат од тренинг-кампот во Фиренца до Торино, каде утре ќе се сретнат со нашата селекција, а токму по последниот тренинг во Фиренца двајцата фудбалери се пожалиле на повреда, Руфани на прстот, а Ел Шарави на мускулот на ногата. И двајцата репрезентативци не го довршиле тренингот, па италијанските медиуми најавуваат дека тие ќе се најдат на трибините за утрешниот меч против Македонија.

Само за потсетување, Вентура од првиот ден на подготовките не може да смета ниту на Белоти, Де Роси, Верати и на Пелегрини.

Се вчитува...