Нови промени во фудбалската ЛШ

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) соопшти дека од сезоната 2027/28 ќе воведе дополнителен новитет во календарот на Лигата на шампионите, кој ќе започне со домашен натпревар на бранителот на титулата во посебен временски период.

Средбата на бранителот на титулата би се одиграла во вторник, додека сите останати натпревари од 1. коло би се одиграле во среда и четврток.

Така, тој прв натпревар би бил посебен медиумски настан, како што е случајот во американската професионална лига во американски фудбал, НФЛ, која веќе неколку години почнува со домашниот натпревар на бранителот на титулата во четврток, односно три дена пред да се одиграат другите натпревари од 1. коло.

Во позадина на оваа одлука е можноста за дополнителна заработка од продажбата на телевизиските права за наредниот тригодишен период, кој ќе започне токму со сезоната 2027/28.

Се вчитува...