Нови три случаи на коронавирус во Џенова

Коронавирусот продолжува да се шири во редовите на Џенова, откако италијанскиот прволигаш денеска обелодени нови три позитивни случаи на Covid-19 во својот табор.

„Џенова објави дека по прегледите извршени на 1 октомври 2020 година добиени се позитивни случаи на фудбалерите Петар Брлек и Миха Зајц, како и Валтер Бресан како член на стручниот штаб. Клубот веќе ги извести здравствените власти за новонастанатата ситуација“, се вели во соопштението на Џенова.

За нас клучно останува што Горан Пандев се уште е негативен на Covid-19, со што македонскиот капитен ќе може да настапи на претстојниот бараж дуел од Лигата на Нации против Косово.

Со последните два позитивни случаи Џенова сега има дури 13 фудбалери позитивни на Covid-19. Натпреварот што Џенова требаше да го игра против Торино во рамките од третото коло од Серија А е одложен.

Се вчитува...