Новина во тенисот – АТП „вклучи часовник“

Tурнирот во Вашингтон ќе биде прв на кој се користи часовник што го мери времето меѓу поените на тенисерите. Часовникот кој одбројува 25 секунди, колку што е дозволена пауза меѓу поените, тестиран е минатата година во квалификациите на „NextGen“ турнирот во Милано.

Официјалната „премиера“ оваа новина во „белиот спорт“ доби на главниот турнир во Вашингтон, а ќе се употребува во текот на целата американска турнеја, дури и на УС Опен.

По последниот гранслем во сезоната, Управниот одбор на Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) ќе донесе одлука дали часовникот ќе се користи во текот на целата година. Што се однесува до гранслем турнирите, секој ќе одлучуваза себе. Челниците на Австралија Опен веќе покажаа интерес часовникот да биде вклучен во Мелбурн.

„Часовникот постои за да се отстраната некои работи. Во минатото судиите остваа нештата да поминат така – некогаш тоа беше според здрав разум, некогаш не. Од перспектива на играчите, ставот е следен: „Ако навистина сакате да го спроведете тоа правило, поставете го часовникот да видиме колку време имаме“. И Ѓоковиќ и Надал кои играат поспоро, ќе се приспособат кога ќе видат дека постои часовник што го мери времето“ – истакнува Гејл Брејдшо, извршен потпретседател на АТП за правила и натпревари.

На некои од тенисерите ова мерење на времето меѓу поени не им се допаѓа. Еден од нив е Јапонецот Кеи Нишикори.

Лично, мене нема да ми биде лесно. Нема да имам многу време меѓу поените за да размислувам за тоа каде да го упатам следниот сервис, а ќе биде малку компликувано кога е многу топло. Има различни играчи, некои играат брзо, други сакаат повеќе време. Можеби е добро за навивачите да видат повеќе и побрзи поени, но не знам дали е тоа добро за играчите“ – вели Нишикори.

Се вчитува...