Откако стана јасно дека Романија нема да го „фати“ баражот, станаа предмет на критики на новинарите кои беа немилосрдни кон фудбалерите и нивниот однос.
„Да не престигне селекција во рангот на Македонија, звучи лошо. Оваа селекција без проблем ја победувавме во минатото, ама сега… Националноста не прави фудбалери. Не е доволно. Ова е показател дека не стигнаа и не престигнаа земји кои во фудбалот тврдиме дека можеме да ги победиме. Романците остануваат дома. Големите фудбалери повеќ ги нема, големите навивачи се иселени. Ако романскиот фудбал продолжи да уназадува, за неколку години ќе го стигнеме нивото на Лихтенштајн“, пишува изданието на ГСП.РО.
Романците имаа се во свои раце, само требаше да победат со Исланд и со Лихтенштајн. Но, тие одиграа нерешено со Исланѓаните, факт кој го искористи Македонија и со победите над Ерменија и над Исланд, се најде во баражот.
Иако важеа за поголеми фаворити од Македонија, сепак, на крајот се покажа дека тој „кикс“ со Исланд скапо ги чинеше Романците. Сега Романија ќе биде во фаза на реконструкција, со нов селектор кон обид за нови успеси. Но ако продолжат со вакви настапи, тогаш лошо им се пишува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА