Новинарот кој го „мрази Ѓоковиќ“ предвидува нова дисквалификација – Дали невакцинираниот Новак бил во контакт со заразено лице?

Новинарот на Њујорк тајмс, Бен Ротенберг кој е познат како еден од најголемите противницни на Новак Ѓоковиќ во светот на тенисот. Тој предвидува нова дисквалификација на првиот рекет на светот, велејќи дека Олга Даниловиќ која вчера и предаде на Наоми Осака можно е да е позитивна на Ковид-19, а Ѓоковиќ бил во контакт со неа бидејќи и е своевиден ментор.

Тој на Твитер напиша дека ситуацијата е слична со таа на Жил Симон кој поради контакт со заразено лице мораше да го напушти турнирот во Њујорк. Официјално се уште нема ништо освен дека поради медицински причини Даниловиќ мораше да предаде против Осака, но нигде нема дека се работи за корона.

 

Се вчитува...