Новиот бек на Милан доаѓа од Ла Лига

Милан го договори првиот трансфер за јануарскиот преоден рок откако „росонерите“ го осигураа потписот на Хуан Миранда, левиот бек кој ќе пристигне од редовите на Бетис.

Миранда е 23-годишен шпански фудбалер кој покрај добрата офанзива има и исклучителни квалитети во нападот, што го правеше интересна опција за неколку клубови од Италија и од Англија. Раководството на Милан успеа да победи во оваа трка, договарајќи соработка со дефанзвиецот до јуни 2028 година.

Миранда има договор со Бетис до крајот на оваа сезона, па „росонерите“ се убедени дека со понуда од два милиони евра ќе успеат да постигнат договор, за дефанзивецот веќе во јануари да се пресели на „Сан Сиро“.

Се вчитува...