Реал Мадрид наскоро ќе го добие комплетно реновираниот „Сантјаго Бернабеу“, дом кој нема да биде место само за фудбалски мечеви, туку и за кошаркарски, зашто во план на раководството на „кралевите“ е на стадионот да игра и кошаркарската секција на овој великан.
Реал Мадрид со безмалку една милијарда евра го реконструира „Бернабеу“, кој освен што ќе добие модерен изглед, ќе добие и подвижен кров, па со тоа, стадионот ќе стане и џиновска сала, зашто има капацитет од над 80 илјади гледачи.
Поради ова, како што наведуваат шпански медиуми, Реал сериозно размислува кошаркарската секција да ги игра мечевите на „Бернабеу“, со што би се зголемите приходите од билети за оваа секција, која веќе неколку години повеќе троши одошто заработува.
Настрана што стадионот би можел да биде домаќин на фајнлфорот во Евролигата, да организира мечеви од Европско или Светско првенство, како и мечеви на НБА тимовите од европската турнеја или предсезонски пресметки.
Комплетната реконструкција е планирана да заврши до септември, според последните најави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА