Новиот директор на АМС на средба и со челните лица на РФМ

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, и раководителот на Секторот за спорт, Томислав Андоновски, денеска имаа средба со претставници на Ракометната федерација на Македонија предводени од генералниот секретар Филип Милошевски.

Од АМС истакнаа подготвеност за интензивирање на соработката со Ракометната федерација на Македонија, која е една од најдобро организираните федерации во земјава, со најголеми успеси изминативе години под водство на Живко Мукаетов. Од АМС изразија подготвеност за издвојување повеќе средства, а приоритет ќе биде поддршката на македонските ракомeтари за Европското првенство во ракомет, во Загреб, Хрватска, 2018 година.

rfm vo ams

Со претставниците на РФМ се разговараше и за младите таленти, кадетските и јуниорските репрезентации. За да имаме идни успеси, потребно е да работиме уште денес со најмладите, да ги следиме нивните вештини и онаму каде што е потребно да помогне Агенцијата за млади и спорт.

Се дискутираше и за предлог – измени во Законот за спорт, со цел системска поддршка на спортот.

Каевски нагласи дека Агенцијата за млади и спорт ќе ги поддржува политиките на федерациите, и од сите ќе бара транспарентност за начинот на кој се трошат буџетските средства доделени од Агенцијата за млади и спорт.

Се вчитува...