Новиот договор на Хамилтон со Мерцедес „тежи“ 180 милиони долари

Луис Хамилтон ја продолжува соработката со Мерцедес. Договорени се деталите и рекордната сума од 60 милиони долари по сезона, останува само потписот на договорот.

„Новиот договор со Луис Хамилтон може да го сметаме како „веќе склучен“. Ние сме апсолутно на иста бранова должина. Еден таков договор е над сто страници, со многу детализа средување. Сето тоа треба прво треба да се среди“ – изјави шефот на Мерцедес, Тото Волф.

Според германскиот весник „Билд“, новиот договор на Хамилтон со Мерцедес е со важност од три години, од 2019 до 2021 и „тежи“ 180 милион долари, или 60 милиони по сезона.

Според поранешниот возач, Герхард Бергер, за Хамилтон ова е целосно саслужена сума.

Без Луис Хамилтон, Мерцедес ќе биде среќен ако биде трет зад Ферари и Ред Бул. Хамилтон е најбрзиот возач на патеката. Тој е скала за успех и во Мерцедес треба да го задржат  по секоја цена“ – вели поранешниот возач на Ферари и на Мекларен.

Се вчитува...