„Новиот договор на Мбапе е навреда за фудбалот како спорт“

Новиот договор што Килијан Мбапе ќе го потпише со ПСЖ предизвика бура од реакции во јавноста, пред се поради богатството што „светците“ ќе му го исплатат на овој фудбалер во наредните три години (над 250 милиони евра).

Еден од најгласните критичари е првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој не крие дека не му се допаѓа што висината на платите се крева се повеќе, до едно ниво што е далеку од нормалата.

„Она што ПСЖ го направи со новиот договор на Мбапе,со оние огромни суми на пари, откако пријави загуба од 700 милиони во претходните сезони, плус тоа има буџет на плати од 600 милиони евра. Сето ова е навреда за фудбалот. Ал Келаифи е подеднакво опасен како и Супер-лигата“, напиша Тебас на својот твитер-профил.

Се вчитува...