Новиот фудбалер на Борусија се посрамоти на претставувањето: Соиграчите „умираа“ од смеење… (ВИДЕО)

Новиот фудбалер на Борусија Дортмунд, 17-годишниот Џад Белингам не се прослави на претставувањето пред своите идни соиграчи во новиот клуб.

Како што е традиција при доаѓање на нови фудбалери, младиот Белингам мораше да запее пред соиграчите. Се обиде да изведе музичка нумера, но на крајот единствено предизвика огромна смеа меѓу останатите фудбалери на Борусија Дортмунд кои очекувано не можеа да се воздржат.

И Ерлинг Халанд, иако е тука веќе половина година, исто така запеа, но неговата изведба на песната на Боб Марли мина нешто подобро.

Белингам во Борусија Дортмунд пристигна за околу 23 милиони евра од редовите на Бирмингам.

Се вчитува...