Новиот германски првак го доби првото засилување

Новиот шампион во Бундеслигата и освојувач на Купот на Германија, го доби првото засилување за следната сезона. Станува збор за играчот од средниот ред на Жирона, Алеиш Гарсија, пренесуваат германските медиуми. „Фармацевтите“ за играчот ќе платата 15-20 милиони евра.

26-годишниот Гарсија беше еден од најдобрите играчи на Жирона минатата сезона, која обезбеди прво, историско учество во Лигата на шампионите. Самиот играч изразил желба да се пресели во Германија, во тимот на Чаби Алонсо.

На својот последен натпревар навивачите на Жирона го повикаа Гарсија да остане. Во минатата сезона тој на 40 меча постигна три гола и запиша шест асистенции.

Се вчитува...