Новиот херој на Вардар: Кизиќ ја има одбраната на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Марко Кизиќ блесна во победата на Вардар над Мешков Брест. „Црвено-црните“ им се вратија на победите во ракометната Лига на шампионте, а 18-годишниот голман го покажа сиот потенцијал. Имаше неколку одбрани кои значајно придонесоа за поволниот исхот од средбата, а го нематнаа Кизиќ како потенцијален фактор на голманската позиција со кој се мачи Вардар оваа сезона.

Двојната одбрана што Кизиќ ја изведе набрзо по влегувањето во игра е избрана за одбрана на шестото коло во елитното натпреварување. Комплетното видео од топ пет изборот како и од првото место на Кизиќ, можете да го видите на овој линк. Младинскиот репрезентативец имаше вкупно четири одбрани.

 

Се вчитува...