Баерн Минхен замената за Роберт Левандовски ја најде во капитенот на француската младинска репрезентација, Матис Тел. 17-годишниот напаѓач на „Алијанц Арена“ доаѓа од Рен и ќе го чини германскиот тим 20 милиони евра и дополнителни осум милиони евра во бонуси.
Во Франција го нарекуваат „новиот Мбапе“, за младинските категории на Франција одигра 15 натпревари, а постигна 10 гола. Претходната сезона настапи на седум натпревари за францускиот прволигаш, а тренерот на Баерн Минхен од него очекува во иднина да постигнува по 40 гола во сезона.
„Еден ден ќе биде меѓу најдобрите напаѓачи на светот и го гледам како на врвот на кариерата постигнува по 40 гола во една сезона“, изјави Јулијан Нагелсман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА