Новиот напаѓач на „милионерите“ има рак на тестисите

Новото засилување на Борусија Дортмунд, Себастија Але ги напушти подготовките на екипата во Швајцарија.

При дополнителни испитувања откриен му е рак на тестисите, па поради тоа веднаш се врати во Дортмунд. Тој во текот на тренинг се пожалил дека не му е добро, па по лекарските прегледи добил лоши вести.

„Целото семејство на Борусија Дортмунд му посакува на Але целосно опоравување. Ќе направиме се што е во наша моќ да добие најдобар можен третман“, изјави спортскиот директор на „милионерит“, Себастијан Кел. 

Се вчитува...