Новиот НБА МВП богато ги награди соиграчите за победата над Јокиќ (ФОТО)

Шеј Гилџус-Александер е непопуларниот освојувач на МВП наградата за сезоната 2024/25 во НБА лигата. Канаѓанецот од Оклахома Сити Тандер признанието го доби пред Никола Јокиќ со што го спречи Србинот втора година по ред да се закити со престижната награда и покрај тоа што има далеку полоша статистика.

Бекот им се заблагодари на соиграчите велејќи дека не би бил МВП без нивната помош, а и ги награди за истата со скапоцен часовник од популарната марка „Ролекс“.

Се вчитува...