„Новиот Пепе“ во јануари оди во Реал Мадрид

Едер Милитао веќе во јануари би можел да стане играч на Реал Мадрид, тврдат португалските медиуми. Порто за него побарал 50 милиони евра, а Реал се согласил да ги плати бидејќи му треба играч од неговиот прoфил.

Младиот Бразилец кого го нарекуваат „новиот Пепе“ минатотo лето од Сао Паоло дојде во Порто и веднаш го покажа високиот квалитет. Тој важи за еден од најдобрите млади дефанзивци во светот.

За Милитао интерес покажал и Манчестер Јуанјтед, но со заминувањето на Жозе Мурињо, Реал Мадрид останува најсериозниот кандидат за неговиот потпис.

Се вчитува...