По 15 години си замина од Ливерпул, следна дестинација – Нотингем Форест.

Двократниот освојувач на Лигата на Шампионите, Нотингем Форест од следната сезона се враќа во елитата на англискиот фудбал по повеќе од 20 години, а со цел да остане во Премиерлигата веќе започна со составување на тимот кој ќе брани „црвено-белите“ бои.

По ангажманот на голманот на Манчестер Јунајтед Дин Хендерсон, нов фудбалер на тимот ќе биде и доскорешниот фудбалер на Ливерпул, Неко Вилијамс. За услугите на 21-годишникот кој претходната сезона ја помина на позајмица во Фулам „црвените“ ќе добијат 20.6 милиони евра, a и 15 отсто од следниот трансфер.

Велшанецот кој потекнува од младинската школа на клубот веќе се збогуваше од Ливерпул и се заблагодари за петнаесетте години поминати во клубот.

Се вчитува...