Новиот пролетен Силекс на сериозен тест против Шкупи

Кратовски Силекс со сериозни промени во тимот ја очекува пролетната сезона од Првата македонска фудбалска лига, па денешниот дуел во 19. коло против Шкупи треба да даде сериозна слика околу можностите во битката за опстанок до крајот на сезоната.

Но, кратовци јасно порачуваат дека со новите девет засилувања опстанокот и дефинитивно не треба да биде доведен во прашање.

Од друга страна, Шкупи не се засили со некои звучни имиња, а остана без Стојкоски, Илијоски, Љамчевски, Типуриќ, Рамадани…, па треба да се видат и новите капацитети на тимот на Умут Каран.

„Сакаме победнички да ја почнеме полусезоната и затоа максимално се подготвувавме за овој дуел со Силекс. Секогаш е тешко да се гостува во Кратово, но ние одиме на триумф“ – порача фудбалерот од средниот ред на Шкупи, Рон Броја.

Шкупи за денешниот дуел нема да може да смета на засилувањето Махарава Тандина кој не е регистриран поради некомплетна документација, и на повредениот Ергин Абдул.

ПМФЛ – 19. КОЛО (денеска, 14 ч.)

Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ

Скопје: РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА

Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР

Струмица: АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Кичево: ПОБЕДА – БЕЛАСИЦА

Се вчитува...