Новиот „Сан Сиро“ ќе изгледа спектакуларно (ФОТО)

Италијанските гиганти Интер и Милан наскоро ќе добијат нов стадион. Долгогодишниот дом на двата клуба „Сан Сиро“ ќе замине во историјата, а стадионот кој ќе го носи истото име ќе биде изграден во близина на стариот.

Новиот стадион ќе биде со капацитет од 60.000 седишта, а неговата изградба ќе биде инспирирана од градската катедрала, а наскоро клубовите ќе го откријат и комплетниот изглед на „Сан Сиро“. Актуелниот стадион има поголем капацитет (80.000 седишта), но не ги исполнува барањата на модерното општество.

Се вчитува...