Новиот „шеф“ чести: Бесплатно пиво за навивачите на Саутемптон

На новиот стратег на Саутемптон, Ралф Хасенхутл, му е јасно дека неговиот тим ќе мора да имаа силна поддршка од трибините во преостанатиот дел од сезонава ако се сака да биде обезбеден опстанокот во Премиер-лигата. Австрискиот стратег кратко време по доаѓањето во Премиер-лигата го повлече и првиот конкретен потег, успевајќи да издејствува кај управата фановите да добијат ваучери за пијалок за утрешниот дуел со Арсенал.

„Тоа е како банкарска сметка, ако цело време земате, еден ден ќе банкротирате. Сега е време да се вложат пари во нашите навивачи, да им се остави впечаток дека  навистина сме заедничка целина, ние на теренот и тие на трибините. Работиме напорно и веруваме дека резултатите наскоро ќе дојдат, но неопходна ќе ни биде и помошта од навивачите“ – изјави поранешниот тренер на Лајпциг.

„Светците“ се претпоследни на премиерлигашката табела со само девет бода по првите 16 кола, а единствената победа ја забележаа на 1 септември, на гостувањето против Кристал палас. Навивачите на Саутемптон на последната домашна победа се радуваа на 28 април против Бурнемаут.

Се вчитува...