„Новиот Шек“ доаѓа од славно кошаркарско семејство и сака да игра за Босна и Херцеговина (ВИДЕО)

„Мартовското лудило“ во НЦАА влегува во завршната фаза, а еден од играчите кои ја одбележа оваа сезона во колеџ кошарката е Лука Гарза, центарот на Универзитетот Ајова. Американецот со потекло од Босна и Херцеговина  минатиот викенд ја заврши сезоната откако неговиот состав не успеа да се пласира на завршниот турнир на лигата, но младиот играч продолжи да биде во центар на вниманието во САД каде медиумите го споредуваат со Шекил О’Нил.

211 висок кошаркар доминира во рекетот, а неговата блескава колеџ кариера ја закити со две ‘Биг Тен’ награди за најдобар играч на годината. Два пати беше избран и во првиот ‘Ол-америка’ тим, а покрај тоа што постигна повеќе од 2.200 поени и повеќе од 900 скока, заврши како најдобар поентер во историјата на Универзитетот Ајова, со што неговиот број – 55, ќе биде повлечен од употреба.

Гарза потекнува од кошаркарско семејство, неговата мајка е кошаркарка и поранешна репрезентативка на БиХ, додека неговиот таткко кој е Американец има своја колеџ кариера. Неговиот вујко е прославениот Теоман Алибеговиќ, најдобриот поентер во историајта на репрезентацијата на Словенија, а и самиот Лука сака да ја продолжи балканската традиција и да заигра за репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

„Секое лето бев во Босна каде работев на себе со моето семејство. Многу ми помогнаа, тие лета многу ми значеа за развојот. Секогаш сакам да бидам оној кој ќе работи најмногу во тимот, на тоа целам. Знам дека немам талент како многу други, но тоа ќе го надокнадам со напорната работа, како и што правам во текот на целиот живот“ – истакна Гарза.ж

Во последните две сезони Гарза бележи просек од 23.9 поени на кои додава и 9.8 скока по меч, со што го очекува кариера во НБА лигата, но пред „новиот Шек“ е напорна работа со оглед на тоа што има многу недостатоци во својата игра.

 

Се вчитува...